• петок, 05 декември 2025

Прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Халим Халимовиќ“ и „Дижонска“

Прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Халим Халимовиќ“ и „Дижонска“

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Поради технички зафати за спојување на нова мрежа со постоечка водоводна цевка со пречник од 150 мм на улицата „Дижонска“, кај крстосницата со улицата „Халим Халимовиќ“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, без вода ќе останат корисниците од улицата „Халим Халимовиќ“ и дел од улицата „Дижонска“.

Прекинот ќе започне од 13:50 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности на терен. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан