Презентација на истражувањето „Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици“
- Воведни обраќања на настанот ќе имаат Арбана Пашоли, претседателка на Комисијата за односи меѓу заедниците при Собранието и Александар Кржаловски, директор на МЦМС.

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на истражување „Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици“.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат Арбана Пашоли, претседателка на Комисијата за односи меѓу заедниците при Собранието и Александар Кржаловски, директор на МЦМС.
Истражувањето ќе го презентираат проф. д-р Ана Чупеска, проф. д-р Ризван Сулејмани
и проф. д-р Рубин Земон. ев/мд/
ФОТО: МИА Архива