• понеделник, 23 декември 2024

Превозот на стока меѓу Северна Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Превозот на стока меѓу Северна Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Владата на денешната 72. седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.
- На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Северна Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји, информира владината прес-служба.
Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи. ар/бак/

Остани поврзан