Превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“ во Берово
- Во Берово беше реализирана превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Активноста беше реализирана од страна на полициски службеници од ОВР Берово.
Берово, 10 април 2024 (МИА) - Во Берово беше реализирана превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Активноста беше реализирана од страна на полициски службеници од ОВР Берово.
-Превентивно-едукативната активност е реализирана со цел подигнување на сообраќајната култура и свеста на граѓаните за опасноста и последиците кои можат да настанат од користењето на мобилните телефони додека управуваат моторно возило, истакнаа од ОВР Берово.
Превентивно-едукативната активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“ се реализираше во централното подрачје на Берово
-Во рамки на акцијата на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП. Се надеваме дека пораките ќе допрат до граѓаните и ќе.има е повеќе совесни возачи кои ќе се придржуваат до упатствата за бебзедно возење, додадоа организаторите на акцијата.
Со вакви и слични акции како што додадоа се продолжи и во наредниот период. вс/дма/
Фото: ОВР Берово