• недела, 22 декември 2024

Превентивна активност на СВР Битола во рамки на „Европска недела на мобилност"

Превентивна активност на СВР Битола во рамки на „Европска недела на мобилност

Битола, 22 септември 2023 (МИА) - Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска и вчера на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола беа реализирани превентивни активности со поттикнување на велосипедизмот и велосипедот како мобилно и алтернативно превозно средство.

Во Градскиот парк симболично манифестирање на заедничко возење велосипеди манифестираа полициски службеници, претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, учениците од сообраќајните единици на основните и средните училишта од Битола, УКЛО, преставници од Црвен Крст Битола и останатите пријатели на манифестацијата.

-Потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и носењето кацига, како и носењето рефлектирачки елек во услови на намалена видливост за време на возењето по патиштата е постојана. Алтернативните форми на мобилност, посебно велосипедизмот се важни, не само заради подобрување на безбедноста во сообраќајот, туку и заради криерањето на поздрава животна средина, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Во рамки на манифестацијата „Европска недела на мобилност“, Македонско-Американската Алумни асоцијација (МААА)-Скопје донираше еден велосипед за студентите на УКЛО, а ЈП Стрежево и ЈП Комуналец, донараа паркинг за велосипеди. мт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан