• четврток, 25 април 2024

Прв саем за агротуризам „Посети ја Вратница" 

Прв саем за агротуризам „Посети ја Вратница

Тетово, 10 јуни 2023 (МИА) - Прв саем за агротуризам ,,Посети ја Вратница" денеска беше организиран во центарот на ова населено место дел од тетовската рурална Општина Јегуновце.

Со свои производи или услуги се претставија повеќе локални занаетчии, како производители на храна и пијалоци (сирење, тартуфи, мед, пчелни производи) јавање коњи, рачни изработки. 

- Саемот е организиран со цел да ја поттикне оваа стопанска гранка во регионот и Македонија. Да ги презентира можностите за развој на оваа стопанска гранка, за која сите услови за развој на агротуризмот Македонија ги поседува. Токму затоа очекувам оваа манифестација, да стане традиционална, и да поттикне секој кој смета и може да придонесе да се равие агротуризмот. Очекуваме денес една успешна манифестација, а на сите присутни им посакувам нови познанства, мотиви и нспирација за развој на сопствените бизниси, истакна Драгиша Јововски, организатор на Агросаемот. 

На саемот настпија и играорците од КУД ,,Кирил Пејчиновиќ" од Теарце. ас/сп/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан