Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години
- Илјадници луѓе синоќа се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан на концертот „Милост за светот“, моќен музички настан посветен на промоција на мирот, единството и духовната рефлексија под сенката на базиликата „Свети Петар“.
Ватикан, 14 септември 2025 (МИА) – Илјадници луѓе синоќа се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан на концертот „Милост за светот“, моќен музички настан посветен на промоција на мирот, единството и духовната рефлексија под сенката на базиликата „Свети Петар“.
Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години.
Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата на К-поп БамБам и хип-хоп дуото „Клипс“.
Претходните два дена, светски лидери, добитници на Нобелова награда и активисти од целиот свет учествуваа на тематски тркалезни маси во Ватикан, каде дискутираа за глобалните предизвици и можностите за поттикнување на поголемо единство. ссм/
фото: принтскрин Јутјуб