• недела, 22 декември 2024

Првпат ќе се празнува 25 март денот посветен на Свети Кирил Лешочки

Првпат ќе се празнува 25 март денот посветен на Свети Кирил Лешочки

Тетово, 21 март 2023 (МИА) - Во сабота за првпат ќе се одржи првата црковна литургија по повод празникот Свети Кирил Лешочки, кој ќе се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ кој беше прогласен за светец.  Лани за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.

-Ќе се одржи Света Архиерејска литургија со почеток во 8 часот во храмот Свети Атанасиј во Лешок.  Литургијата ќе ја предводи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе други митрополити и свештенослужители. Повик до верниците да дојдат да се помолат за светителот и за здравје на нивните семејства, соопшти денеска Тетовско-гостиварската епархија.

На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. 

Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизацијаЗа новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба.

Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс. ас/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан