• недела, 22 декември 2024

Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Во организација на Министерството за правда, а во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија денеска во Скопје се одржа првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите судови Скопје и Штип за Предлог законот за кривична постапка.

На настанот, како што соопшти Министерството за правда,  присуствуваа судии, обвинители, адвокати, полициски службеници и претставници на граѓанскиот сектор.

Од Министерството информираат дека вакви расправи ќе се одржат и за подрачјата на Апелационите судови во Битола и Гостивар. 

Јавната расправа ја отвори заменик министерот за правда Ален Дерабан, кој во своето обраќање се осврна на клучните измени на ЗКП чија цел е имплементирање на директивите на ЕУ, како и отстранување на недостатоците кои беа детектирани во досегашната примена на законот.

-Особено значајни се новините кои се однесуваат на замрзнувањето на имот и конфискацијата, електронската достава и дигитализација на кривичната постапка, унапредување на одредбите за посебните истражни мерки и зголемување на ефикасноста, зајакнување на процесните права на жртвите согласно стандардите на Европската унија и Советот на Европа, како и воведување на одредби за задолжително спроведување на финансиските истраги со цел сузбивање на корупцијата и економскиот криминалитет и други значајни новини, истакна Деребан.

Заменик министерот посочи дека справувањето со корупцијата и организираниот криминал се еден од врвните приоритети на оваа Влада, а Министерството за правда интензивно работи на унапредување и изнаоѓање на соодветни законски решенија со цел сузбивање на овие појави. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан