Прва средба на Комисијата за локален развој во Куманово со претставниците на бизнис заедницата
- Во рамки на локалниот економско социјален совет на општина Куманово денеска во просториите на општината се одржа првата средба на новоформираната Комисијата за локален економски развој.
- Насоката на Комисијата е развивање на економијата, на производството, пред сè како значаен двигател на стопанството. Добро е што на средбата присуствуваа голем број стопанственици од различни гранки и што се отворија многу теми. Зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат во различни циклуси производството, во трговијата, занаетчиството, туризмот и други работи. Произлегоа повеќе идеи и во идниот период ќе бидат предмет на решавање, со цел да се постигне поголем економски развој. Драго ми е што во локално патриотски дух за развој и почитување на средината во која живееме почнавме да работиме и се надевам дека ќе останеме во таа насока. Тука сме да понудиме решенија. На располагање имаме доста фондови, значајни грантови кои вреди да ги искористиме. Има наши стопанственици кои ги користат грантовите и развојот е има забележлив, изјави претседателот на Комисијата, Бранко Зафировски.
Во насока на заштита на малите и средни претпријатија на средбата претставниците дискутираа за апликација на финансиски средства од различни фондови кои нудат поволни услови, навремена информација за инспекциска контрола и формирање на тим од стручни лица кој ќе ги лоцира и решава проблемите на стопанствениците, во координација со надлежните институции и КЛЕР – Куманово. ам/дма/