Прва средба на Гаши со амбасадорката на Кралството Шведска
- Гаши изразил благодарност до Шведска за континуираната поддршка на нашата држава за полноправно членство во Европската Унија. Тој укажал дека очекува поддршката да продолжи и понатаму.

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Собранискиот претседател Африм Гаши денеска ја оствари првата средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, соопштија од собраниската прес-служба.
Гаши изразил благодарност до Шведска за континуираната поддршка на нашата држава за полноправно членство во Европската Унија. Тој укажал дека очекува поддршката да продолжи и понатаму.
Во насока на добрата соработка е и ратификувањето на протоколот за пристап на Шведска во НАТО. Во очекување е и формирање на парламентарната група за соработка на нашето Собрание со Шведскиот парламент во новиот парламентарен состав, се истакнува во соопштението.
Шведската амбасадорка се заблагодарила за поддршката за членството во Алијансата и ја потврдила натамошната посветеност на зајакнување на меѓусебните односи.
- Двете страни беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се нагласува во соопштението. бд/sa/
Фото: Собраниска прес-служба