• недела, 22 декември 2024

Прва средба меѓу шефовите на државите Иран и Саудиска Арабија по 11 години

Прва средба меѓу шефовите на државите Иран и Саудиска Арабија по 11 години

Ријад, 11 ноември 2023 (МИА) - Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман се сретнаа по првпат во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Раиси отпатува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, каде присуствува на вонреден состанок на шефовите на држави на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во врска со ситуацијата во Појасот Газа.

На маргините на Самитот тој се сретна со Бин Салман.

Средбата меѓу Раиси и Бин Салман беше прва средба лице в лице меѓу шефови на државите Иран и Саудиска Арабија по 11 години.

На средбата, на која се разговараше за развојот на билатералните односи и регионалната соработка, двајцата лидери се договорија подоцна подетално да разговараат за овие прашања.

На 10 март, по седум години, Иран и Саудиска Арабија одлучија да ги нормализираат односите. Раиси и Бин Салман првпат разговарале по телефон на 12 октомври, откако ги воспоставија односите. ссм/

фото: Претседателство на Иран

Остани поврзан