Прва победа за ТФТ во АБА2-лигата
- Екипата на ТФТ синоќа ја совлада Цедевита Јуниор со 78:68 во 3.коло на АБА2-лигата.

Златибор, 15 ноември 2023 (МИА) – Екипата на ТФТ синоќа ја совлада Цедевита Јуниор со 78:68 во 3.коло на АБА2-лигата.
За македонскиот тим ова беше прва победа сезонава во регионалното кошаркарско натпреварување и сега се изедначи со хрватскиот тим кој исто така има биланс од една победа и два пораза.
Џелани Симонс со 19 и Виктор Ташовски со 13 поени беа најефикасни во победничката екипа.
Од македонските тимови во АБА2-лигата, денес од 15 часот настап ќе има Пелистер против Војводина. зс/
Фото: АБА-лига