• четврток, 04 декември 2025

Прва награда за „Ековита“ - Неготино за зелена бизнис - идеја

Прва награда за „Ековита“ - Неготино за зелена бизнис - идеја

Кавадарци, 28 септември 2025 (МИА) - Регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино освои прво место за зелена бизнис - идеја, потврди попладнево за МИА, Кристина Тодорова, претставник на овој еко - центар со седиште во Неготино, инаку дипломиран инженер агроном. Се работи за иновативни производи од печурки и локални ресурси како грозје. Печуркарството е нешто на што овие екологисти работат повеќе од 20 години.

- На „Demo Day“ во Струга во рамки на „Green Revolution of Youth“, ја освоивме првата награда, меѓу 20 учесници од Македонија и Шпанија, кои ги претставија своите зелени бизнис - идеи, а ние добивме дополнителен ветер во грб да продолжиме уште посилно. Голема благодарност до „Business Impact Lab“ за менторската поддршка и довербата. Веруваме во позелена иднина и ја градиме заедно, чекор по чекор. Активностите се кофинансирани од Европската Унија преку програмата „Erasmus+“, појасни Тодорова.

Таа додаде дека наградата е всушност менторска поддршка, за изработка на бизнис - планот за иновативни производи.

Притоа, нагласи дека покрај многубројните реализирани проекти, од кои многу меѓународни, ова е уште една потврда за квалитетот на нивната работа на полето на екологијата. свд/бд/

Фото: „Ековита“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан