• четврток, 26 декември 2024

Пратеничка го нарече Курти „деструктивен лажго“, собраниската потпретседателка ѝ порача „да внимава со речникот“

Пратеничка го нарече Курти „деструктивен лажго“, собраниската потпретседателка ѝ порача „да внимава со речникот“

Приштина, 11 ноември 2024 (МИА) – Пратеничката на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу на денешната собраниска седница, на која се расправа за предлогот на Владата за буџетот за 2025 година, го нарече премиерот на Косово, Албин Курти „деструктивен, антидржавен, антинационален лажго“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Таа во своето излагање на денешната пленарна седница рече дека „премиер кој има чест и здрав разум ја предава фотелјата а не државата“.

„Ти, Албин, рече: ‘почестен сум да го однесам мандатот до крај’. Не, Албин, немаш чест, не знаеш што е чест, имаш срам, го имаш срамот да ја држиш земјава во заложништво со нула развој, со дијалог во корист на Србија, со санкции од Европската унија, со антиуставни министри. Еден премиер кој има чест и здрав разум ја предава фотелјата, а не државата, како што тоа го правиш ти, Албин. Петте години на власт ќе останат запаметени како најтемните пет години од формирањето на Косово како држава. Ќе останеш во историјата како деструктивен, антидржавен, антинационален лажго. Ти си срамот на оваа држава“, рече Муслиу.

Заменик-претседателката на Собранието на Косово, Саранда Богујевци, ја предупреди Муслиу за јазикот што го употребува кон премиерот, порачувајќи ѝ „да внимава со речникот“.

Остани поврзан