• понеделник, 23 декември 2024

Празнична програма по повод Меѓународниот ден на Ромите организираше Општина Кочани

Празнична програма по повод Меѓународниот ден на Ромите организираше Општина Кочани

Кочани, 7 април 2023 (МИА) – Во пресрет на 8 aприл – Меѓународниот ден на Ромите, денеска Општина Кочани ja организираше празничната програма „Заедно можеме“, во која учествуваа ученици со различна етничка припадност од основните и средните училишта.

По повод 52-годишнината од првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон се одржа културно-уметничка програма, ликовна работилница, литературен конкурс и трибина на тема „Состојбата на Ромите – проблеми и предизвици“.

- Кочани е една од водечките општини во давањето поддршка на Ромите, а најважно од сè е што нејзините жители, независно од која националност се, имаат взаемно почитување и разбирање како услов за нормално функционирање на секоја мултиетничка средина. Наша задача е, во рамки на можностите, да ги решаваме горливите проблеми и да ги поттикнеме нашите сограѓани Роми да бидат активни учесници во сите сегменти од живеењето. Наш приоритет е решавањето на социјалните потешкотии со кои се соочува ромското население, за што имаме донесено повеќе мерки за помош, како и вклучување во нега-центарот и програмата за општокорисна работа. Реализираме проекти за подобрување на образовниот статус на Ромите, со бесплатна инклузија на децата на предучилишна возраст во градинките и за дооформување на средното образование, истакна градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На одбележувањето на 8 aприл, беше истакнато дела околу пет отсто од вкупното население во Кочани се Роми, а општината е седма во државата според нивната бројност. Петмина имаат дипломи за завршено високо образование, а над 150 лица се со средна стручна подоготвка, од кои поголем број се вработени во јавни институции и приватни компании.

Во рамки на финансиската поддршка во образовниот процес, Локалната самоуправа на Кочани обезбедува стипендирање и за студентите Роми за кои има посебни, олеснителни критериуми. Обезбедени се и средства инвестирање во инфраструктурата со кои годинава ќе се изградат неколку улици во ромската населба и ќе се уреди детско игралиште во населбата Трајаново Трло. та/цр

Фото: МИА

Остани поврзан