• недела, 22 декември 2024

По 30 дена притвор за шест лица осомничени во случајот „Двојник"

По 30 дена притвор за шест лица осомничени во случајот „Двојник
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Притвор во траење од 30 дена им е изречен на шест лица осомничени во случајот „Двојник", потврдија за МИА од Кривичниот суд Скопје. Ова мерка Судот му ја одредил и на уште едно лице, кое е во бегство, а на тројца осомничени им се изречени мерки на претпазливост. Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави - едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик. оџ/сп/  

Остани поврзан