• сабота, 27 јули 2024

По 200 години, лондонскиот весник „Ивнинг стандард“ се префрла на неделно издание

По 200 години, лондонскиот весник „Ивнинг стандард“ се префрла на неделно издание

Лондон, 29 мај 2024 (МИА) – Лондонскиот весник „Ивнинг стандард“ (Evening standard), кој се издава речиси 200 години, ќе се префрли на неделен формат откако дневното печатено издание покажа загуби.

Привремениот извршен директор и претседател на весникот, Пол Канарек, им соопшти на вработените дека зголеменото работење од дома, воведувањето на Wi-Fi во транспортните мрежи и алтернативната содржина за патниците значи дека и весникот мора да се промени.

- Значајните загуби настанати од тековните операции не се одржливи, рече Канарек во меморандум.

Тој нагласи дека весникот ќе се префрли на неделно издание подоцна оваа година, додека дигиталната содржина ќе се објавува 24 часа на ден.

Весникот првпат беше објавен во 1827 година, а од 2009 година се дистрибуираат бесплатно на железничките станици и на улици.

Таа година го купи руско-британскиот бизнисмен Евгениј Лебедев, син на шпионот на КГБ Александар Лебедев. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан