• петок, 22 ноември 2024

По Рамос и Иско сака да се врати во шпанската репрезентација

По Рамос и Иско сака да се врати во шпанската репрезентација

Мадрид, 30 октомври 2023 (МИА) - Фудбалерот на Бетис, Иско, најави желба да се врати во шпанската репрезентација. Тој верува дека се ќе зависи од неговиот настап во Ла Лига.

- Се надевам дека ќе се вратам во репрезентацијата. Ова е мојата голема цел. Задоволен сум со мојата работа, а влегувањето во репрезентацијата зависи од тоа што ќе покажам во клубот, го цитира AS играчот од средниот ред.

Иско последен пат играше за националниот тим летото 2019 година.

Оваа сезона во Ла Лига, 31-годишниот играч одигра 11 натпревари, постигнувајќи два гола и две асистенции.

Пред четири дена и Серхио Рамос изрази желба да се врати во репрезентацијата и да игра на Европското првенство следната година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан