• петок, 22 ноември 2024

Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата

Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата

Струга, 24 август 2023 (МИА) - Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година - македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата.

Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства.

Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како и портрети на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ Димитар Башевски, „Златен венец“ Влада Урошевиќ и „Мосотви на Струга“ Гевин Бредли, изложби во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“...

Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мосотви на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на годинашните лауреати Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски. сс/бт/

Фото: СВП 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан