• среда, 29 јануари 2025

Почнува функционирањето на кол центарот во штипското комунално претпријатие „Исар“

Почнува функционирањето на кол центарот во штипското комунално претпријатие „Исар“

Штип, 29 јануари 2025 (МИА) – Во штипското комунално претпријатие „Исар“ во функција се става кол центар. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните на унифицираниот број ќе пријавуваат проблеми со дефекти, собирање на смет, пријава за кабаст отпад и за се останато што е во надлежност и под ингеренции на комуналното претпријатие. Граѓаните ќе добијат повратен одговор, повикот ќе биде снимен, а екипи на ЈП „Исар“ веднаш ќе излезат на терен доколку има потреба за решавање на проблемот.

-На телефонскиот број 032 609 555 граѓаните ќе можат да ги пријавуваат дефектите и нашите служби автоматски и нашите оператори ќе добиваат работен налог и ќе постапат по извршување на истите работни задачи. Морам да напоменам дека заради квалитетот на разговорот и услугите разговорите ќе бидат снимени, изјави Арсовски.

Тој посочи дека дека кол центарот ќе функцира 24 часа, а тоа значи дека во било кој период од денот да се случи дефект или граѓаните да имаат проблем ќе бидат услужени. Во случај на поголем дефект и поголем број повици граѓаните ќе бидат извесетени дека екипи се веќе на терен.

-Овој кол центар ќе биде на располагање 24 часа дневно. Доколку има поголем дефект или дефект за кој ќе се јавуваат поголем број на граѓани во исто време ова софтверско решение го овозможува тоа, рече Арсовски.

Оваа инвестиција на ЈП „Исар“ е помалку од 60 илјади денари, а е со цел подобра комуникација со граѓаните и брзо да се решаваат сите проблеми. Вработени веќе се обучени за работа со кол центаро и нема да има потреба од ангажирање на нови лица. вдј/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан