• четврток, 26 март 2026

Почнува фестивалот за деца „Весело штурче“

Почнува фестивалот за деца „Весело штурче“

Штип, 25 септември 2025 (МИА) - Фестивалот за деца „Весело штурче“ почнува вечер во Штип. На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“  - Штип, звукот ќе пулсира низ срцата на учесниците и публиката. Оваа година ќе настапат 24 солисти, придружба ќе биде хорот, а ќе се изведат и три дуети.

- Оваа година ќе слушнеме 21 хит од кои три дуета, ќе настапат 24 солисти, а на сцената во придружба ќе бидат 13 дечиња кои го сочинуваат хорот и четири дечиња како дел од бендот на „Весело штурче“. Меѓу учесниците има дечиња кои доаѓаат од други градови од Македонија, кои патуваат до Штип за подготовките на „Весело штурче“, се наведува во соопштението на фестивалот.

Како и секоја година, така и оваа, традиционално во 17 часот ќе започне претпремиерата, а во 19:30 ќе се одржи фестивалот што стана добро познат бренд на градот. Организаторите велат дека вечер ќе пее Штип во нов и модерен ритам. Овогодинешното издание на фестивалот на песни за деца со особена чест ќе биде посветено на директорот на фестивалот, Филип Стевановски, кој беше срцето и душата на „Весело штурче“. вдј/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан