• вторник, 26 ноември 2024

Почнува „спортскиот судски процес“ на векот против Манчестер сити

Почнува „спортскиот судски процес“ на векот против Манчестер сити

 

Манчестер, 16 септември 20245 (МИА) – Англискиот фудбалски гигант Манчестер Сити по повеќемесечно пролонгирање денеска конечно ќе се соочи со независна истражна комисија во врска со сомневањата за сторени дури 115 финансиски прекршоци.

„Среќен сум што почнува в понеделник“, прокоментира во петокот тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, иронично додавајќи: „Знам дека ќе има и други гласини од нови експерти во врска со санкциите“.

Бројот на обвиненија против клубот (115) и реномето на англискиот прволигаш, кој е четирикратен последователен шампион на Англија, нудат невиден и спектакуларен карактер на она што светските медиуми веќе го нарекоа „спортско судење на векот“.

Сепак, процесот нема да се води пред судии и поротници, туку од независна комисија која зад затворени врати на непозната локација во продолжение на неколку седмици треба да ги сослуша двете страни пред, според најоптимистичките проценки, да донесе одлука на почетокот на 2025 година.

Премиер лигата, организаторот на најгледаното фудбалско првенство во светот, смета дека Манчестер Сити свесно ги заобиколил финансиските правила наметнати во периодот од 2009 до 2018 година за да ги поттикне своите спортски амбиции.

Конкретно, Манчестер сити се товари дека ги заобиколил финансиските прописи на англиската лига откако клубот во 2008 година го презеде конзорциумот Абу Даби Јунјатед Груп (ADUG) во сопственост на Шеик Мансур.

Манчестер сити во периодот за кој е осомничен за финансиските малверзации три пати го освои англиското првенство, по што во 2023 триумфираше и во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан