• четврток, 18 април 2024

Почнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Северна Македонија и Италија - заедно до повисоки стандарди во контролата на производите

Почнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Северна Македонија и Италија - заедно до повисоки стандарди во контролата на производите

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Северна Македонија, Јане Станкоски и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишаа Меморандум за разбирање во областа на контрола на земјоделски производи.

Преку овој Меморандум двете држави ќе воспостават постојан канал на соработка со цел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките на храната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина, за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето на
земјоделските стопанства.

- Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добри практики во насока на заштита на потрошувачите. Преку размената на искуства се очекува да се зголеми ефикасноста во намалување на нивото на прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки, наведува Инспекторатот. мч/сп/

Остани поврзан