• среда, 24 април 2024

Почнува летната наплата на паркингот во Штип

Почнува летната наплата на паркингот во Штип

Штип, 29 март 2024 (МИА) - Штипското Јавно претпријатие (ЈП) „Стипион“ од 1 април започнува со летна наплата на паркинг услугата. Во соопштението од ЈП „Стипион“ се наведува дека дека паркингот ќе се наплаќа во период од 7 часот до 21 часот.

-Поради започнување со летното сметање на времето, наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип од 01.04.2024 година ќе се врши од 7.00 до 21.00 часот од понеделник до петок. За сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 7.00 до 15.00 часот, се вели во соопштението на ЈП „Стипион“.

Инаку паркинг услугата во Штип се напалаќа на три начини, со купување билети, преку испраќање на СМС порака, или се купуваат месечен и годишен билет. Проблемот со слободни паркинг места се решава секојдневно со изградба на нови паркинг простори, а во тек е изградбата на првата катна гаража во Штип. вдј/са/

Фото: МИА 
 

 

Остани поврзан