Почнува веб-самитот во Лисабон
- Оваа година во Лисабон се очекуваат околу 71.000 учесници од 160 земји и повеќе од 3.000 стартапи, 340 партнери и повеќе од 1.000 инвеститори.
Лисабон, 11 ноември 2024 (МИА) - Најголемиот светски технолошки настан Веб самит во Лисабон ќе почне денеска и ќе собере повеќе од 70.000 учесници до 14 ноември.
Веб-самитот во Лисабон ќе собере не само технолошки експерти, туку и државни претставници, основачи и извршни директори на највлијателните светски технолошки компании и брзорастечки стартапи.
Овогодинешниот самит, од 11 до 14 ноември, носи богата програма со посебен фокус на теми како што се вештачката интелигенција, финансиските технологии (fintech), одржливоста и новинарството.
Оваа година во Лисабон се очекуваат околу 71.000 учесници од 160 земји и повеќе од 3.000 стартапи, 340 партнери и повеќе од 1.000 инвеститори.
Настанот ќе го следат повеќе од 1.800 претставници на медиумите. зш/
фото ЕПА