• петок, 26 јули 2024

Почна третиот Дипломатски форум во Анталија

Почна третиот Дипломатски форум во Анталија

Анталија, 1 март 2024 (МИА) - Во градот Анталија во Турција денеска почна третиот Анталиски дипломатски Форум.

Форумот трае три дена и собира речиси 4.500 учесници, меѓу кои 19 државни лидери и 73 министри, како и 57 меѓународни претставници.

Главната тема на форумот е „Унапредување на дипломатијата во време на превирања“, а како што изјавија организаторите, целта на темата е да се обезбеди заедничка рамка за размислување во потрага по мирен излез од турбулентниот период во кој се пронаоѓа целиот свет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан