• вторник, 26 ноември 2024

Почна тампонирање на пат во кумановско Агино село

Почна тампонирање на пат во кумановско Агино село

Куманово, 20 март 2024 (МИА) - Почна тампонирање на патот кон кумановско Агино, информираа денеска надлежните од општината. Градежната компанија е на терен. Надлежните очекуваат тампонирањето да заврши во предвидениот рок.

- Во тек е тампонирање на пат во Агино село информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Жителите од Агино село очекуваат поефикасно поврзување со локалните и регионалните патишта кон Романовце и Дељадровце.

Општина Куманово кон крајот на февруари склучи договор со избрана компанија за изведување градежни активности и тампонирање на сообраќајници на територија на општина Куманово, за што од општинскиот буџет одвоени се речиси пет милиони денари. Фирмата во тек на една година ќе тампонира повеќе патишта во руралните подрачја од општината.

Лани, беше тампониран патот од кумановското село Зубовце кон месноста „Самовилска вода“ во должина од пет километри. Претходно, општина Куманово делумно ги пробиваше и тампонираше патишта од манастирот Свети Ѓорѓи до село Бељаковце, до селото Довезенце како и на новата улица во населбата Карпош каде претходно беше извршена експропријација и се реши деценискиот проблем на жителите од приградската населба. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан