• понеделник, 23 декември 2024

Почна тампонирањето улици во кумановското село Четирце

Почна тампонирањето улици во кумановското село Четирце
Куманово, 13 октомври 2022 (МИА) - Почна тампонирањето на улици во кумановското село Четирце, соопштија денеска од одделението за комунални дејности од општина Куманово.
- Ќе се тампонираат неколку улици во ова населено место и ќе се постави банкина. Тампонирањето веќе е завршено во други села во Кумановско, а наредниот период ќе се тампонираат и улици во други рурални средини, изјави помошникот раководител од одделението, Момчило Јовановски.
  Претходно, екипи на избраната градежна компанија поставија тампон во Проевце, во приградските населби, како што се улицата „Јоско Илиевски“, „Амбар маало“, „Ѓуро Пуцар Стари“, заврши санација и поставување на гребен асфалт и во неколку населени места во Прмакови Ниви и во село Речица. Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во Кумановско. Договорот, како што е објавено на електронскиот систем за јавни набавки, е склучен на 9 мај годинава. На повикот избрана е компанијата од „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз“ од населбата Карпош, Куманово. Договорот помеѓу општината и избраната компанија има важност од 12 месеци. Изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 45 дена по добивањето на налогот од општината. ам/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан