Почна реконструкција на патот меѓу селата Корешница и Челевец во општина Демир Капија
- Почна реконструкцијата на патот што ги поврзува селата Корешница и Челевец во општина Демир Капија, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.

Демир Капија, 6 март 2025 (МИА) - Почна реконструкцијата на патот што ги поврзува селата Корешница и Челевец во општина Демир Капија, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
- Во рамките на првата фаза, предвидена е реконструкција и рехабилитација на делницата со вкупна должина од 1.180 метри. Вредноста на договорот, што опфаќа изведба на сите неопходни градежни работи, изнесува 7.222.946 денари. Изведувач на проектот е „Гама градба“ ДООЕЛ од Скопје, појасни градоначалникот.
Петров подвлече дека подобрената патна инфраструктура значително ќе ја зголеми безбедноста и удобноста во сообраќајот, особено за локалното население, како и сите што го користат овој патен правец. свд/дма/
Фото : Општина Демир Капија