• петок, 22 ноември 2024

Почна реконструкција на две улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово

Почна реконструкција на две улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово
Куманово, 6 јули 2021 (МИА) - Почна реконструкција на две улици во кумановската населба „Перо Чичо“, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. Реконструкцијата ќе опфати дел од улицата „30-ти јули“ - од улицата „Веселин Маслеша“, и дел од улицата „Радоје Димиќ“ - од улицата „30-ти јули“ до улицата „Стефан Филиповиќ“. Вредноста на склучениот договор со компанијата изведувач е 1.930.926 без ДДВ. На јавниот тендер избрана е компанијата „Кооп Инжинеринг“ од Куманово. Договорот е склучен во мај, годинава. Надлежните од одделението за комунални дејности очекуваат градежните активности на терен кои опфаќаат санација на дотраениот и поставување на нов асфалт да заврши до крајот на овој месец.ам/бт/

Остани поврзан