Почна „Пролетниот саем на мед“ во Штип
- Oд денеска во Штип почна саемот на мед. Пчеларите, производителите на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ на штандови ги изложија своите производи.

Штип, 16 април 2025 (МИА) – Oд денеска во Штип почна саемот на мед. Пчеларите, производителите на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ на штандови ги изложија своите производи.
Габи Петкова, која заедно со својот сопруг имаат пчелни семејства и произведуваат мед, истакна дека ваквиот саем им дава можност да ги понудат своите производи и да им укажат на потрошувачите оти консумирањето на мед и производи како што се прополис, восок и восочни производи се корисни за нивното здравје. Цената на медот е 500 денари за една тегла, а според Петкова оваа година имаат добри временски услови за пчелните семејства.
-Медот игра голема улога врз здравјето. Нашите совети се граѓаните да не подлегнуваат и да не купуваат лажни производи, рече Петкова.
Саемот за мед ќе трае до петок. Во овие три дена граѓаните ќе имаат можност од 9 до 19 часот да пробаат и купат мед и пчелни производи на шеталиштето во Штип. вдј/фф/
Фото: МИА