• вторник, 24 декември 2024

Почна поставувањето фотоволтаични панели на општинската зграда и спортската сала во Дебар

Почна поставувањето фотоволтаични панели на општинската зграда и спортската сала во Дебар

Дебар, 12 јуни 2024 (МИА) - Со поддршка на Центарот за развој на југозападниот плански регион, општина Дебар почна со реализација на проектот за поставување фотоволтаични панели на општинската зграда и големата спортска сала.

- Почнавме со поставување на 90 панели, што значи 40 киловолтен систем, на големата градска спортска сала. Истото се однесува и за општинската зграда. Системите ќе бидат приклучени онгрид, односно во електромрежата. За поставувањето на фотоволтаичните панели на споменатите два објекта од Центарот за развој на југозападниот плански регион одобрени ни се над 2,74 милиони денари, рече за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој присуствуваше на почетокот на работите.

Тој искажа голема благодарност за соработката и досегашната поддршка на Центарот, со чија финансиска поддршка реализирани се повеќе проекти, меѓу кои и неодамна завршената целосна реконстркција на стариот објект на територијалната противпожарна единица.

Инаку, во општинската зграда освен локалната самоуправа просторно се сместени и подрачни единици и канцеларии на министерства и други државни институции.

Во големата спортска сала, изградена со европски средства, се одржуваат многу спортски и културни активности.

Изведувач на работите е фирмата „Квазар“ од Скопје, а работите треба да завршат од крајот на идниот месец. вт/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан