• среда, 15 мај 2024

Почна новата сезона во македонските пингпонгарски лиги

Почна новата сезона во македонските пингпонгарски лиги

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) – Со натпреварите од првото коло во Прва лига за сениорки и Втора лига за сениори викендот почна сезоната 2023/24 во пинг-понг.

Во рамки на Женската лига се одиграа три од предвидените четири натпревари со тоа што мечот помеѓу 10 60 АС Ѓорче Петров и Рисови се одложи.

Постигнати резултати:
Берово1 – Берово2  4:0
Младост  – Младост 96   2:4
Крива Паланка – Шампиони ФА   4:1

Во рамки на Втората лига се одиграа следните натпревари:
Хепи – Саса   4:0
10 60 АС Ѓорче Петров – Патриоти   4:0
Куманово  – Кратово   4:1. зс/

Остани поврзан