• среда, 29 јануари 2025

Почна доделувањето на униформите на штипските ученици во одделенска настава

Почна доделувањето на униформите на штипските ученици во одделенска настава

Штип, 29 јануари 2025 (МИА) – Општина Штип втора година бесплатно им доделува училишни униформи на учениците од прво до петто одделение во сите основни и подрачни училишта. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска првите униформи за оваа учебна година ги додели на учениците во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип.

-Целта на овој проект, којшто втора година по ред се реализира е да се намалат социјалните разлики и да бидат помалку видливи меѓу дечињата во основните училишта, а тенденцијата е оваа година да се направат финансиски за можност да се реализира овој проект комплетно кај сите основци на територија на Општина Штип, вели Јорданов.

Соња Николова од Одделението за образование во Општина Штип на денешната прес-конференција рече дека финанската конструкција за реализација на проектов изнесува околу пет милиони денари, од кои два и пол милиони денари се за обезбедување на униформи за учениците од прво до петто одделение.

-Меѓутоа со напомена дека се работи и на проширување на проектот и за сите ученици во основните училишта. Во овој момент општината доставува 2.111 униформи, распоредени во пет основни училишта, централните згради и подрачните училишта, изјави Николова.

На новинарско прашање, дали се размислува и за субвенционирање на училишниот оброк, штипскиот градоначалник, Јорданов со одговор дека досега имаат разговорано на оваа тема со родителите и со оглед на тоа дека изборот за училишен оброк се врши исклучиво по најниска цена, со што се коси и со интересот за пријавување за училишен оброк.

-Така да разговараме и на оваа тема, се надевам дека ќе изнајдеме и најсоодветно решение со кое ќе има интерес кај учениците,а во исто време ќе добиват квалитетна храна, односно квалитетен оброк, вели Јорданов. вдј/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан