• петок, 19 декември 2025

Почна делумна реконструкција на ТППЕ Куманово

Почна делумна реконструкција на ТППЕ Куманово

Куманово, 2 јули 2025 (МИА) -  Почна делумна реконструкција на просторот околу територијалната противпожарна единица во Куманово, пожарникарите очекуваат поголема функционалост и пристап до гараѓите.

- Очекуваме по реконструкцијата и набавка на хидраулична скала, неопходна за нашето функционирање, што се реализира преку проект до Австрија и областа Тирол. Имавме повеќе средби и ја очекуваме набавката која значително ќе ја олесни работата, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во доброволното противпожарно друштво во рамки на проектот. Засега во Куманово функционира и има околу триесетина членови. ТППЕ Куманово ќе настојува во руралните средини да воспостави доброволни противпожарни друштва кои ќе добијат и теренски возила за интервенција.

Од вчера екипа на ТППЕ Куманово, патролира и дежура на критичната позиција од Спомен костурницата сè до влезот на населбата „Перо Чичо“ каде што секојдневно има пожари на шут, смет, и „диви депонии“

- Само во јуни имавме 75 пожари, 56 на отворено, а 25 се на тој потег. Заради тоа имаме своја екипа согласно наредбата на градоначалникот. Се надевам, апелирам граѓаните да престанат да палат. Вчера интервениравме со три возила и осум пожарникари, пожарот беше навлезен во дворови. Апелирам да се воздржат од палење, изјави Илиевски.

Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено, проактивно дејствување на надлежните институции. Вечерва состанок ќе одржат жителите на „Октомвриска револуција“ кои дирекно се погодени од неподносливиот мирис и аерозагадување предизвикано од палењето на отворено кое е втор по ред причинител за аерозагадување во Куманово. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан