• среда, 08 мај 2024

Почна градежно уредување на штипскиот Градски стадион

Почна градежно уредување на штипскиот Градски стадион

Штип, 17 мај 2023 (МИА) - Почна уредувањето на Градскиот стадион во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека се почнати градежните активности за изградба на пристапен пат, а се очекува сите активности да бидат завршени до крајот на оваа година. Во завршна фаза е реконструкцијата на трибина, а какошто рече  градоначалникот Јорданов се прават планови за реконструкција и на другата трибина која е веќе дотраена.

-Денес започнуваме со уредување на просторот во рамки на стадионот, ќе се изведува пристапна улица со нов влез, ќе се третираат парикинг простори. Во завршна фаза се активностите за изградба на трибината. Продолжуваме со планови за реконструкција на другата трибина која е дотраена. Очекувам до крајот на оваа година Штип да добие репрезентативен градски стадион. Вкупната инвестиција на уредувањето на површината е три милиони денари, вели Јорданов.

Забележа дека Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг.

-Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на источната трибина за Градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња, рече Јорданов.

На денешната прес-конференција најави дека со подобрување на временските прилики  ќе се пристапи и кон асфалтирање на сите улици кои веќе се спремни за асфалтирање.вдј/

Фото: МИА 

Остани поврзан