Почина поранешниот француски министер за култура Фредерик Митеран
- Поранешниот француски министер за култура Фредерик Митеран почина денеска на 76-годишна возраст по „неколкумесечна битка со агресивен рак“, соопшти неговото семејство.

Париз, 21 март 2024 (МИА) – Поранешниот француски министер за култура Фредерик Митеран почина денеска на 76-годишна возраст по „неколкумесечна битка со агресивен рак“, соопшти неговото семејство.
Минатата година Митеран соопшти дека е болен, без да даде детали.
Тој е внук на починатиот француски претседател Франсоа Митеран и беше министер додека Никола Саркози беше претседател. јт/
Фото: Википедија