• сабота, 21 декември 2024

Почина поранешниот претседател на Ливерпул

Почина поранешниот претседател на Ливерпул
Ливерпул, 22 јули (МИА) - Поранешниот претседател на Ливерпул, Дејвид Мурс, почина на 76-годишна возраст, објави клубот. Мурс беше долгогодишен фан на „црвените“ и беше на чело на клубот 16 години, од 1991. Тој имаше мнозински удел во Ливерпул повеќе од половина век и по преземањето, тој и главниот извршен директор Рик Пери беа на чело на назначувањата на Рој Еванс, Џерард Хултје и Рафаел Бенитез, освојувајќи десет големи почести за време на неговиот мандат, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2005 година. - Мислите на сите во ФК Ливерпул се со семејството и пријателите на Дејвид во овој тежок момент, се вели во соопштението на клубот. ар/сп/

Остани поврзан