• петок, 05 декември 2025

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Скопје, 25 октомври 2025 (МИА) - На 63-годишна возраст денеска по кратко и тешко боледување почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз.

Јонуз беше активен учесник во политичкиот живот, беше  советник на поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски, како и портпарол на владата.

Тој беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.

Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре (недела 26 октомври 2025 година), на гробиштата во Бутел. нд/

Фото: Фејбук

 

Остани поврзан