Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова
- Почина Славка Арсова - поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, информираат попладнево од Друштвото на писателите на Македонија.

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Почина Славка Арсова - поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, информираат попладнево од Друштвото на писателите на Македонија.
Арсова, која починала во текот на вчерашниот ден, била членка на Друштвото од 1993 година.
- Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но, попозната е по своето творештво за деца - „Бисерчиња од детски глави“, Академски печат, 2017 година и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал „Ракатки“, додаваат од Друштвото.
Нејзиниот погреб ќе се одржи в сабота на градските гробишта во Бутел во 12 часот. бд/са/
Фото: Друштво на писателите на Македонија