• понеделник, 23 декември 2024

Почина командантот на мисијата „Аполо 8“, Френк Бормен

Почина командантот на мисијата „Аполо 8“, Френк Бормен

Хјустон, 10 ноември 2023 (МИА) - Космонаутот Френк Бормен, командант на американската вселенска мисија „Аполо 8“ - првата обиколка околу Месечината, почина на 95-годишна возраст, објави вчера НАСА.

„Пионерот на вселенското истражување почина во вторникот во Монтана“, објави НАСА.

Тој во 1965 година првпат отиде во Вселената, на мисијата „Џемини 7“, којашто траела 14 дена. Вселенското летало „Аполо 8“ полета во декември 1968 година, со Борман и уште двајца астронаути - Џејмс Ловел и Вилијам Андерс. За време на оваа мисија е направена и познатата фотографија „Изгрејземја" (Earthrise).

- Френк Бормен беше вистински американски херој Неговото големо искуство и експертиза доведоа до тоа НАСА да го избере да се приклучи на својата втора група астронаути. Неговата услуга за НАСА и за нашата нација недвосмислено ќе ја инспирира генерацијата на „Артемис“ да достигне до нови космички граници, изјави шефот на американската вселенска агенција, Бил Нелсон.

НАСА планира да се врати на Месечината со програмата „Артемис“ - наследничка на „Аполо“. Мисијата „Артемис 2“ треба да полета кон крајот на 2024 година и да ја заобиколи Месечината со човечки екипаж на вселенскиот брод. Долгорочната цел на НАСА овојпат е постојано човечко присуство на Месечината, како и идни можни мисии со екипаж на Марс.  си/сд/

Фото: Википедија

Остани поврзан