• сабота, 21 декември 2024

Почина генералниот директор на Фиорентина

Почина генералниот директор на Фиорентина

 

Фиренца, 19 март 2024 (МИА) – Генералниот директор на Фиорентина, Џузепе Бароне почина на 57-годишна возраст како последица на срцев застој, соопшти денеска италијанскиот фудбалски прволигаш.

Фиорентина вчера објави дека Бароне е во болница на апарати за одржување во живот, откако колабираше во неделата додека екипата го напушташе хотелот за натпреварот во рамки на Серија А против Аталанта, кој беше одложен.

„Со длабока и неизмерна тага Фиорентина ја потврдува загубата на еден од своите челници, личност која ја одбележи новата историјата на клубот и која никогаш нема да биде заборавена“, се наведува во клупското соопштение.

Бароне, кој почина ден пред неговиот 58. роденден, беше генерален директор на Фиорентина од 2019 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан