• среда, 15 мај 2024

Потпишан меморандум за интензивирање на соработката меѓу МО и Филозофскиот факултет

Потпишан меморандум за интензивирање на соработката меѓу МО и Филозофскиот факултет
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, Ратко Дуев денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се интензивира соработката помеѓу двете институции. - Министерството е секогаш отворено за интензивна соработка со академскиот сектор. Нашиот приоритет е да инвестираме во човечкиот капитал, но и заедно со професионалците од академската заедница да разговараме, да истражуваме и да анализираме области од заеднички интерес кои ќе ни помогнат во развојот на одбраната, рече Петровска. Петровска на средбата со Дуев и продеканот за настава на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески, се заблагодари за отвореноста и желбата заеднички да продолжат да се развиваат, и заеднички да го градат одбранбениот систем, особено имајќи предвид дека на Филозофскиот факултет има студиска програма по безбедност, одбрана и мир на додипломски, постдипломски и докторски студии. - Меморандумот за соработка предвидува стипендирање на вработени во Министерството на студиите на Филозофскиот факултет, ангажирање на кадри од Факултетот како експерти за потребите на одбраната, како и заедничка организација на семинари, тркалезни маси и взаемно користење на библиотечниот фонд на двете институции, соопшти Министерството за одбрана. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан