• вторник, 14 април 2026

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во општина Бутел

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во општина Бутел

Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника на територијата на општината, информираат од локалната самоуправа.

Новата здравствена установа ќе биде изградена на локацијата на постојната стара амбуланта и ќе обезбеди проширени и современи здравствени услуги за жителите на општината.

Според планот, во објектот ќе функционираат пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека.ар/са/

Фото:Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан