• петок, 28 јуни 2024

Потер разочаран од поразот од Манчестер сити

Потер разочаран од поразот од Манчестер сити
Лондон, 10 ноември 2022 (МИА) - Тренерот на Челзи, Грем Потер е разочаран по синоќешниот пораз од Манчестер сити со 2:0 во Карлинг купот, но е задоволен од играта на своите фудбалери. - Многу ми се допадна нашата игра. Создадовме големи шанси и добро напаѓавме. Не бевме совршени, но направивме многу работи како што треба на овој натпревар. Убава игра. Уште еден чекор напред во тоа како сакаме да играме. Разочаран сум од резултатот, но задоволен од играта. Покажавме храброст во обидот да се вратиме. Момците го покажаа нивото и храброста. Ми се допадна многу од она што го направивме денес. Секогаш се грижам кога не постигнуваме резултати. На последните натпревари нашата игра не беше онаква каква што сакавме. Но, денес изгледавме како добар тим, изјави Потер во интервју за „Sky Sports“. Од фаворитите покрај Челзи пласман во осминафиналето не успеаја да изборат уште и Тотенхем и Арсенал. зс/

Остани поврзан