• сабота, 29 јуни 2024

Потер: разочарани сме од нерешениот исход со Салцбург

Потер: разочарани сме од нерешениот исход со Салцбург
Лондон, 15 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Челзи, Греам Потер го коментираше ремито со Салцбург (1:1) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. - Разочарани сме од исходот на натпреварот. Но, момците дадоа максимум. Постигнавме добар гол, но бевме невнимателни малку во вториот дел, плус нивниот голман направи неколку добри одбрани. Не го постигнавме посакуваниот резултат, но немам за што да ги прекорувам моите фудбалери. Доста често го користевме Рахим Стерлинг еден на еден и голот беше резултат од ова, изјави Потер. Челзи по две кола во Е-групата е последен со само еден освоен бод. Милан е лидер со четири, , Динамо има три, Салцбург два. Во 3. коло Челзи на домашен терен ќе игра со Милан, Салцбург ќе се сретне со Динамо Загреб. зс/

Остани поврзан