• вторник, 02 јули 2024

Потер засега не треба да стравува од отпуштање

Потер засега не треба да стравува од отпуштање

Лондон, 13 јануари 2023 (МИА) – Раководството на Челзи му верува на Греам Потер и покрај слабите резултати. Тренерот ја задржал поддршката од сопствениците на клубот, особено од Тод Боули.

Според „Телеграф“, за иднината на Потер не се ни разговарало по поразот од Фулам вчера во заостанат натпревар од 7. коло.

На последните осум официјални натпревари „сините“ од Лондон претрпеа шест порази, еднаш ремизираа и извојуваа само една победа.

По 18 натпревари во Англиското фудбалско првенство, Челзи се наоѓа на 10. место со 25 бода. зс/

Остани поврзан