• вторник, 07 мај 2024

Потврден новиот капитен на Манчестер јунајтед

Потврден новиот капитен на Манчестер јунајтед
Манчестер, 17 јануари 2020 (МИА) - Хари Мегваер е официјално новиот капитен на Манчестер јунајтед. Централниот бек, кој е само половина година во составот, ја наследува лентата од Ешли Јанг, кој ќе ја продолжи кариерата во Интер. Веста за Мегваер ја потврди менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер. - Хари е капитен. Сè за него кажува дека тој е лидер. Хари ќе продолжи да ја носи лентата, рече Солскјер. Досега во сезоната капитени биле Маркус Рашфорд, Давид Де Хеа и Џеси Лингард. До летото, носител на лентата беше Антонио Валенсија.

Остани поврзан