• недела, 22 декември 2024

Успешен ден за македонските тенисери на фјучерсот во Србија

Успешен ден за македонските тенисери на фјучерсот во Србија

 

Куршумлиска бања, 7 мај 2024 (МИА) – Три победи и еден пораз е билансот од настапот на македонските тенисери на денешните дуели на фјучерс турнирот М25 во Куршумлиска Бања.

Победа за пласман во второто коло избори Горазд Србљак, додека триумфи за влез на „главниот турнир“ изборија Обрад Марковски и Шендрит Деари.

Единствено Стефан Мицов не успеа да се пласира во главната фаза од турнирот.

Србљак го совлада српскиот тенисер Никола Јовиќ со 2-0 во сетови (6-0, 6-3) и во второто ќе игра против Бранко Ѓуриќ од Србија (19 години, 791. место АТП).

Обрад Марковски за 107 минути игра забележа победа во „финалето“ од квалификациите над Србинот Лука Тодоровиќ од 2-0 во сетови (6-3, 6-4) и во првото коло утре ќе игра против Германецот Јаник Келм (19 години, 1297. место АТП).

Шендрит Деари во три сета беше поуспешен од Србинот Александар Љубојевиќ, додека Стефан Мицов го предаде мечот против Георге Лазаров од Бугарија при водство на противникот од 6:2 во првиот сет и 2:1 во вториот сет.

Утре своите мечеви од првото коло ќе ги играат Марковски и Деари, додека на женскиот дел од турнирот настап ќе има и Магдалена Стоилковска, која ќе игра против третата носителка Пемра Озген од Турција. ег ФОТО: МТФ

 

Остани поврзан